речник контакт

Матично доаѓа во центар?

Три се можните локации каде наскоро би работела Управата за водење на матични книги

Петар Печков

Сместена на периферијата од градот, близу Топилницата,  далеку од последните куќи  Управата за водење на матични книги, кај велешани позната како матично, беше далеку од граѓаните. Затоа тие често реагираа за нејзината местоположба.

Реагираа и за малиот простор каде се наоѓаат службениците и книгите  и уште помалиот наменет за странките.  Згора на тоа  лоцирана во иста зграда со уште неколку други служби на СВР, во  неа секогаш  имаше гужва. Затоа и се бараше простор кој ќе биде поблизу до странките.

Имаше повик за прибирање на понуди за сместување на нашите канцеларии. Одиме приватно а понудите  се разгледуваат и процесуираат.  Има три понуди, канцелариите на некогашен Телеком до Пошта, во Работнички Универзитет и во центар во поранешната просторија на Прокредит Банка.  Очекувам дека наскоро  ќе вработените наскоро ќе се преселат во нови, поголеми простории – изјави Ашим Зекировски Директор на Управа за водење на матични книги.

Тој најави дека е започнат електронски матичен регистер и Велес годинава ќе биде приклучен кон него. Бенефит од тоа е што ќе може од  овдешната канцеларија, да се вадат документи извод за венчавка, брак, раѓање, смрт  за било кој друг град во Македонија.  Новина е што од почетокот на годинава воведен е систем на електронско плаќање преку картичка. Барателот  наместо да оди и плаќа во пошта, може директно да ја плати таксата и да заштеди 35 денари  кои се поштарина.

АНКЕТА »

Дали се потребни забрани за учениците на училиште да носат мини здолништа, долги нокти, маици на прерамки, бермуди, бради и присеви?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »